Печати

Столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини

- Откриј го столарот во себе -

 

 Столарската едукативна работилница ќе трае 84 часа, започнувајќи од 3 мај 2023 година, два пати неделно, во понеделник и среда, по два часа, од 19 до 21 часот во просториите на Пасворд продакшн, каде се активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна Бригада бр. 39/-1. Првиот термин е на 3 мај 2023 година, а пријавувањето е отворено до 25 април 2023 година.

Наменета е за лица кои сакаат да стекнат лични столарски вештини и сакаат да се занимаваат со столарство. Искуство не е потребно. Поттикнуваме да се пријават жени.

Во работилницата го имаме потребниот алат и материјали за спроведување на активностите. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и тампони за уши) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина. 

Групите ќе бидат ограничени на 10 лица, со цел да се овозможи ефективно пренесување на знаењата од инструкторите - професионални столари и за да се овозможи комоција на движење и работа во просторот.

Материјали кои ќе се употребуваат во работилницата се пред сè иверка и дрво. Материјалите кои ќе се користат на работилницата се остаток од производството на мебел од компаниите - наши поддржувачи, со што успеваме да го намалиме отпадот кој се создава во мебел индустријата. „Во столарството не постои отпад, само парчиња кои допрва треба да најдат употреба.“

Работниот јазик е македонски.

Котизација за учество во работилницата е 36.000,00 денари, по 6000 денари месечно - на почетокот на секој месец. Попуст од 16% за уплата на целата котизацијата пред почетокот на работилницата - 30.000,00 денари.

Пријавувањето на работилницата е отворено до 25 април. Пријавувањето ќе се врши на принципот - први пријавени - први услужени. За пријавени ќе се сметаат тие лица кои ќе имаат пополнето пријава и уплатена котизација. За да се спроведе работилницата потребни се најмалку 6 учесници.

Оваа работилница е спроведувана од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а е поддржана од компаниите: Акрон, Фамод, Бранимир компани, Про-дизајн, Сканда дизајн, Југоимпекс, Блажич, Монозеро, Биба терк, Инфини студио и Пасворд продакшн.

 

 

Стекнете вештини кои ќе ви користат до крајот на животот.

 

Што е Столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини

 

Тоа е процес во кој ќе започнете да ги градите вештините кои се потребни за да станете надежен столар - да користите рачен алат и да размислувате функционално и креативно; и при тоа ќе откриете дали столарството е работа која сакате да ја правите.

После завршувањето на работилницата учесниците ќе имаат знаење и пракса за употреба на рачен алат (рачна пила, рачна јапонска пила, столарски стеги), рачен електричен алат (дупчалка, убодна пила, циркулар) и соодветни додатоци и шаблони кои ќе ви ја олеснат работата. Ќе стекнат и вештини на правење план за работа (сечење, спојување), читање на планови, пренесување на мерки на материјалот, спојување под прав агол и др.

 

Работилницата на кратко:

 

Кој може да учествува на работилницата.

Основни критериум за учество на работилницата:

Пожелно е: